|

Ковачевски: Нема зборови што ќе им ја надоместат болката на оние што изгубија свои блиски во Белград

Трагична вест од Белград, нема зборови што ќе ги надоместат болката и тагата на оние што денеска изгубија свои блиски, напиша на социјалните мрежи премиерот Димитар Ковачевски по трагедијата што утрово се случи во училиште во Белград кога ученик на возраст од 14 години застрела осум деца и лице од обезбедувањето.

„Во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име изразувам најдлабоко и искрено сочувство за загубените животи“, напиша Ковачевски.

Нашите мисли, додава премиерот, се со српскиот народ и со семејствата на починатите и повредените, со надеж за брзо закрепнување.

Слични Објави