|

Ковачевски: Одредени лица нема да бидат опфатени со законот за амнестија, СДСМ ќе поднесе амандман

Законот за амнестија е испратен во Собранието во процедура, без европско знаменце, рече денес премиерот Димитар Ковачевски. Нагласи дека неколку месеци го изработувало Министерството за правда и дека бил испратен до сите пратенички групи вклучително и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас имав свој став во однос на законот и пратеничката група на СДСМ веднаш ќе поднесе амандман кога ќе влезе во процедура законот за да не постои можност да бидат вклучени одредени лица во дел на оваа амнестија. Постојат и други мислења од други политички партии. Сум разговарал со министерот за внатрешни работи затоа што е дел, исто како што е ВМРО-ДПМНЕ, од носењето ист ваков закон во 2018 година, кога сите го поддржаа. Дури овој закон е порестриктивен од оној во 2018 година. Во зависност од работата која што ја извршуваат, некои од нив имаат емпириски податоци какви ефекти има. Министерот Лога има став во однос на сместувачките капацитети. Бројот на места во затворите изнесува околу 2.113 и во моментот има 2.113 во затворите. За издржување казна чекаат уште 2.200. Во моментот се потребни 4.000 места за сите“, рече премиерот Ковачевски.

Министерството за правда, како што нагласи премиерот Ковачевски, го подготви и предложи законот со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот „Идризово“, доминантно.



Слични Објави