|

Ковачевски: Пристигна францускиот предлог со идеји, одлуката ќе ја донесеме по широка консултација, ги штитиме националните интереси

Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека пристигнал француски предлог за проблемот со Бугарија, во како што вели биле земени ставовите на македонската страна.

-Денес до Владата од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија.

Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консулатции во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со Претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот.

Како што ветивме и наспроти шпекулациите на опозицијата, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички согласно стратешките интереси на земјата и на сите наши граѓани.

Упатувам благодарност до Претседателот Макрон и Француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот, напиша на ФБ Ковачевски.



Слични Објави