(ВИДЕО) МАЛИОТ ХЕРОЈ ТЕОФАН ГО ПОБЕДИ РАКОТ!
Уште едно детенце излекувано од малигна болест на Клиниката за детски болести! Најголемиот смешко Теофан ја победи болеста и вчера си замина дома. ❤️ Тој повторно ќе има среќно детство и ќе се дружи со другарчињата. Му посакувам секогаш да биде насмеан и силен како и досега. Браво за целиот тим на установата! ? ✊, објави на социјалната мрежа facebook министерот за здравство Венко Филипче.