|

Ковачевски: РС Македонија останува силно посветена на одржувањето на добрососедските односи со земјите од нашиот регион

Во обраќањето на Состанокот на шефовите на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО, што денеска се одржува во Софија, во Република Бугарија, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, истакна дека Република Северна Македонија останува силно посветена на одржување добрососедски односи и унапредување на соработката меѓу земјите од регионот.

„Во дебатата со колегите од регионот истакнав дека сега е време максимално да го искористиме потенцијалот на кооперативните механизми на партнерите од Југоисточна Европа. Координиран одговор на безбедносните закани и на порастот на националистичките и популистичките наративи на европскиот континент предизвикана од руската воена агресија во Украина е ефикасен начин за справување со овие појави. Од тој аспект оценив дека неприфаќањето на проширувањето како безбедносна политика создава дополнителен простор за нестабилност во регионот. Граѓаните мора да препознаат кредибилна европска и евроатлантска перспектива за Западен Балкан за да се елиминираат негативните тенденции за злонамерно влијание на трети страни со што се зголемуваат неизвесностите во регионот и се создаваат сомнежи што резултираат со намалување на довербата на граѓаните во ЕУ. Потенцирав дека Република Северна Македонија останува силно посветена на одржување добрососедски односи и унапредување на соработката меѓу земјите од нашиот регион“.



Слични Објави