|

Ковачевски се сретна со американскиот сенатор Марфи на маргините на Минхенската конференција

На маргините на Минхенската конференција за безбедност, разговарав со Крис Марфи, член на Сенатот на Соединетите Американски Држави и поранешен конгресмен од Демократската партија, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот ФБ профил.

Сенаторот Марфи, кој одлично го познава нашиот регион искажа голема поддршка за нашата земја која ја гледа како идна земја членка на ЕУ со заокружен евроатлантски статус, што е особено важно од безбедносен аспект.

На сенаторот Марфи му ја изразив мојата и благодарноста на Владата и граѓаните на Македонија за поддршката која САД ја даваат за нашата земја.

Разговаравме и како исклучително важна ја оценивме регионалната соработка која последните години особено се интензивира и која има посебно значење кога станува збор за можностите за диверзификација во енергетскиот сектор за стабилно снабдување со енергенси, објави Ковачевски.

Слични Објави