КОВИД-19 КОСИ ВО БРАЗИЛ: НОВИ 11.768 СЛУЧАИ И 807 ПОЧИНАТИ ЛИЦА

/

Бразил потврдува за нови 11.768 заболени лица со што вкупниот број на инфицирани порасна на 374.898, стои во официјалниот извештај на за епидемиолошката ситуација во земјата. Во документот објавен синоќа се наведува дека во последните 24 часа се регистрирани нови 807 смртни случаи, па вкупниот број во таа статистичка категорија достигна 23.473.

Главно жариште на коронавирусот е државата Сао Паоло во која живеат 21 милион луѓе. Според официјалните информации, само во неа има 83.600 позитивни лица на ковид-19 и 6.200 починати пациенти.

Во државата Рио де Жанеиро, пак, се потврдени 39.298 заболени со коронавирусот, а како последица на компликации од него починаа 4.105 лица.



Со ова, Бразил е втора држава во светот по САД по бројот на зааразени со ковид-19. Првиот позитивен случај во земјата беше забележан на 1 јануари. Според бразилското Министерство за здравство, епидемиолошката ситуација во земјата би можела да се стабилизира најрано во јули, а забавување на растот на заболчени се очекува дури во септември.



Претходна статија

НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ АВТОМОБИЛИСТ ИГОР СТЕФАНОВСКИ-ИЏЕ ВОЗЕШЕ НИЗ ПРАЗНОТО СКОПЈЕ ВО ЧЕСТ НА МЕДИЦИНАРИТЕ

Следна статија

ОД УТРЕ ПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА МАЈСКИТЕ ПЕНЗИИ

Најново од Вести