ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов 2 години плаќа по 1 милион евра за машини за чистење на снег кој го нема

/

Петре Шилегов две години по ред плаќа 1 милиони евра годишно за изнајмување на машини за чистење на снег кој го нема. 2 години по ред сопственикот на фирмата Аполо Инжинеринг става 1 милиона евра во џеб, реагират од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека 64.900.000,00 (со ддв) денари е договорот кој Петре Шилегов на 18.09.2019 го склучил со фирмата Аполо Инженеринг за изнајмување на возила за чистење на снег на градските улици во Скопје во периодот од 15 Ноември до 15ти Март за зимата 2019/2020 и за зимата 2020/2021.

„Ист ваков штетен и криминален договор Петре Шилегов склучува и есенва, 18.09.2021 на само еден месец пред избори за оваа зима и наредната, нормално со истата фирма. Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, се над тоа се плаќа дополнително и оваа сума ќе расте вртоглаво“, објаснуваат од опозициската партија.

„Во 2020 година немаше снег, и скоро и да не беше употребена механизација. Но тоа не ја спречува Аполо Инжинеринг да се наплати и да си ги земе 1 милион евра, кои и следат според договорот“, потенцираат од партијата на Мицкоски.

„За периодот од 15 Ноември до 15 Март двете зими 2019 и 2020 фирмата добитник на тендерот за чистење снег има реални трошоци од скоро нула денари. Како што бевме сите сведоци снег тие 2 зими и да не видовме. Во превод чист милион евра во сопствениот џеб а изваден од џебот на граѓаните“, стои во писмената реакција од опозициската партија.



Што доколку зимава имаме обилни врнежи од снег?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И да има врнежи од снег дали камионите кои ќе поминат со плуг и ќе фрлат сол која исто така ја набавува градот во друга постапка која изнесува околу 300.000 евра, вредат над еден милион евра ? Се разбира дека не! Овде се работи за цунами по буџетот на град Скопје, за неодговорно и криминогено однесување“, пишува во нивното соопштение.

Нагласуваат дека на таквите договори ќе им дојде крај и парите на Скопјани, како што додаваат нема повеќе да се трошат на непродуктивни трошења и крајно сомнителни набавки.

Извор: Темите

Претходна статија

Без вода делови на Чаир

Следна статија

Гостиварец обвинет за пренесување заразна болест-бруцелоза

Најново од Вести