|

Криминалот на Мерко ја замолчи ДУИ, само Ковачевски го брани, велат од ВМРО-ДПМНЕ

САД го откри, a македонските институции го премолчуваат криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, велат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„САД го прогласи Рамиз Мерко, градоначалник од ДУИ за персона нон грата во САД. Ова важи и за неговото семејство. Рамиз Мерко е на црната листа бидејќи бил вмешан во значителна корупција, влијаел на судски процеси и злоупотребувал фондови нотираат од Стејт Департментот. Мерко сам не можел да влијае на судски процеси без поддршка од другите владини функционери на ДУИ и СДС. Прашањето е во колку од овие криминални процеси се вмешани и други лица од ДУИ?“, велат од партијата.

Според нив, САД потврдил дека ДУИ е криминална.

„Сите ја гледаат корупцијата во ДУИ, само Димитар Ковачевски и СДС не ја гледаат. ДУИ мора да оди во опозиција. ДУИ мора да расчисти со криминалот во нивните структури. ВМРО-ДПМНЕ постојано алармираше за коруптивните и криминални афери и скандали поврзани со високи владини функционери, но институциите се во спрега со СДС и ДУИ. Бараме сериозна реакција од институциите“, завршуваат од партијата во своето соопштение.



Слични Објави