Крива Паланка стана прва општина на Балканот со прилагоден статут на знаковен јазик, по проект финансиран по програмата „Бугарска помош за развој“
Општина Крива Паланка стана прва општина во државата и на Балканот, чиј статус е пристапен и прилагоден на знаковен јазик и е достапен на веб-страната на општината. Тоа се случи благодарение на Здружението „Хендикеп плус“ во рамките на проектот „Пристапна и отворена општина“,финансиран од Амбасадата на Република Бугарија во рамките на програмата „Бугарска помош за развој.
На настанот на кој беше промовиран Статутот на знаковен јазик, претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска потпиша Меморандум за соработка со неформалниот Совет на лица со попреченост, предводен од Бранкица Димитровска, со цел продлабочување на соработката и унаредување на правата на лицата со попреченост во Крива Паланка.
На настанот присуствуваше и амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија Ангел Ангелов.
