Кривична за Паско Кузман за 19 милиони денари
Финасиската полиција бара поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман да одговара кривично за злоупотреба на службената положба.
Во соопштение до медиумите од финансиска полиција информираат дека е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство поради сомнение дека Кузман на лице од Хрватска му овозможил да се стекне со имотна корист од 19 милиони денари спротивно на законот.
Според информациите од Управата, Кузман, во текот на 2010 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка, склучил договор за изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи за возобновување на Светилкиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид, со изведувачот, „Конструктор Инженеринг АД Сплит“ со подржуница во Македонија, за што била обезбедена гаранција за понудата, но не и банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите.
Осомничениот Ш. Ц. од Хрватска, со цел да се стекне со противправна имотна корист, доставил градежна книга со невистинита содржина, во која лажно прикажал дека на објектот биле набавени материјали и извршени градежни работи во вредност од над 19 милиони денари. Паско Кузман, тоа го дозволил, при што иако не бил избран надзорен орган и одобрение за градба, дозволил да бидат исплатени 19 милиони денари. Кузман, иако бил должен, не го раскинал договорот и не ја раскинал банкарската гаранција, за чиј износ е оштетен буџетот на Управата за заштита на културното наследство.

