КРВАВА ТЕПАЧКА НА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО АВТОБУС КАЈ САРАЈ, 17-ГОДИШНИК СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ

Ученици во автобус број 56 кај Сарај попладнево се степале при што извадиле боксирачи и ножеви. Едно 17-годишно момче било пренесено во државната болница „Мајка Тереза” и е во животна опасност.

Уште двајца ученици добиле убодни рани и итно биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, по што биле пуштени на домашно лекување.

Учениците имаа повреди во пределот на главата и убоди на телото.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.