Крвта не е вода
Пишува: Дан Милошевски
Во 80-тите години од минатиот век во втората Југославиа, академик и член на МАНУ-Др.Блаже Ристовски (1931-2018) објавил документ кон проучувањето на престојот на македонскиот револуционер од историското ВМРО-Дамјан Груев (1871-1906) во Белград. Документот никогаш не е објавен во историските читанки:
Обраќање на бившите питомци на Друштвото Св. Сава, родум од Македонија -до Српската народна Скупштина
Господа пратеници,
Бидете трпеливи да ги слушнете овие неколку зборови кои, на Вам Претставниците на српскиот народ, ние потписаните ви ги испраќаме, надевајќи се дека секој вистинољубец ќе ги одобри бидејќи не се ништо друго туку-самата вистина. Пред се бараме извинување за една ваква постапка, бидејќи ние знаеме дека ќе се најдат луѓе кои длабоко ќе се навредат, но што да правиме ? Ние не сме виновни за тоа, туку е виновна вистината, која често пати беше беше газена, но секогаш остануваше како победничка.
Искрено, ни е жал, што токму ние се најдовме да побиеме една таква огромна грешка против вистината и правдата, но кој друг би можел да направи нешто такво без да му се префрлува за пристрастност? Секако нам најдобро ни е познато, кои сме и што сме, и секако ние подобро ја познаваме нашата мајка одколку било кој друг. Сега веќе разбравте дека станува збор за самите нас, кои долу сме се потпишале, и за нашата татковина – Македонија.
На секој му е познато дека таа земја е мнозински населена со словени, и тоа – со бугари. Меѓутоа подолго време српското јавно мислење е многу зафатено со пишување да ги посрби македонците, тоа зафаќање се претвори во вистинска страст, како на сите српски журналисти, така и на државниците, книжевниците па и на поедини приватни луѓе. Не слушајќи ги многуте авторитети од образованиот свет, тие на сила сакаат да го уверат целиот свет дека во Македонија живеат чисти, пречистени срби !
Меѓу овие грешки спаѓа и основањето на друштвото “Св. Сава” со задача да го шири српството во – несрпските краеви! Ние, кои до вчера бевме активисти во тоа друштво, дојдовме на почетокот на оваа, а некои на почетокот на минатата школска година да се воспитуваме на сметка на тоа друштво. Мислевме, дека нашите браќа срби ќе не подржуваат без задна цел, но за жал ние луто се излажавме. Aко знаевме, дека нашето доаѓање овде, ќе има вакви последици, ние во никој случај немаше да доаѓаме. Но од каде да знаевме ?! Нам ни беше кажувано дека од нас не се бара ништо друго, туку единствено – да се воспитуваме. Значи целта на друштвото “Св. Сава”, според нашето тогашно сваќање беше благородна и света ! Но што гледаме сега ? Гледаме дека нам ни се врши некаква политичка цел гледаме дека ние веќе сме постанале оружје против својата народност, со еден збор ние сме – изиграни.
Нас тоа не јадоса, срцето од болка силно биеше, кога и да слушневме дека се зборува за Македонија како за покраина населена со срби. Во последно време, покрај сите ветувања дека друштвото и Државата ќе не поддржува само заради науката, ние видовме како друштвото “Св. Сава” истера од пансионот на друштвото тројца питомци, а полицијата двајца од нив ги протера надвор од земјата, само затоа што се осмелија, гласно да ја кажат – својата народност. Овој неодамнешен настан нас не жегна до срце, затоа што нив ги истераа како бугари, следува дека ние останатите не сме тоа што тие биле, значи не сме бугари, тогаш, се разбира – срби. Зарем ние срби ?! Ние, со кои овде од секогаш се постапуваше како со бугари, ние кои и од овдешните мали деца сме викани “бугари”?! Tоа важи и за овдешните возрасни и зрели луѓе! Ние само можеме да се воодушевуваме на толкавата дрскост на оние, кои не нарекуваат “срби”, кога тие со тоа не прават ништо друго, туку ги рануваат срцата како нашите, така и на секој родољуб македонец.
Тоа се, значи, причините, кои нам ни дадоа повод да се замислиме малку посериозно, и што е можно побргу да престанеме да бидеме орудие за подигање на нова пропаганда во нашата мила татковина каде сега, благодарение на мудрото управување на нашиот Возвишен Господар – Султанот, владее најдобар поредок.
Значи дојдовме до тоа, да се заблагодариме на Србија, па понатаму бог и среќа….А нам да не ни биде префрлано, дека ние заради “незадоволство” го оставаме благодејанието, ние ќе наведеме и тоа дека меѓу нас има државни благодејанци кои, добивале по 60 динари месечно, сума која ниту еден овдешен ученик не ја добивал. Меѓу останатото, благодарност за големата хуманитарност на српскиот народ, што за ова време не подржуваше, но, во интерес на српството и во интерес на подобри и посолидни односи меѓу српскиот и нашиот -бугарски народ, ние го преколнуваме српскиот народ, да на таквата цел не ја вложува и понатаму својата пот, бидејќи Господа Пратеници, се ќе отиде во прашина. “Крвта не е вода ” вели српската народна поговорка и веќе е време, и српскиот народ да го користи она што нивните предци го стекнале од искуство, т.е. нека знае секој србин, дека како што секој србин побргу би ја дал главата отколку да го промени своето лично име – Србин, така исто и секој бугарин ќе ја брани својата народност до последен час од секое туѓо напаѓање.
1. фебруар 1890 година во Белград
Бивши питомци Државни и др. “Св. Сава”: Панто Кондов, Давид П. Илиев, Дамјан Јов. Груев, Димитр. Мирчев, Владимир Бојаџиев, Никола Н. Герасимов Димитр. Илиев, Јордан Крајчев Исајлов Илиев Анастас Думев, Тома Димитров, Сида Стојанов, Стојан Неделчев, Гоно Ковачев, Костадин Јанков Димитр Георгиев, Јевтим Михаилов, Нако Сиљанов, Михаил Кратовалиев, Климент Бојаџиев, Григор Кара-Иванов……..Оригинал. АС, МИД 2. ПО ф. IV досие III Пов. бр. 2019/1890
Услов за Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ е договорот од Брисел кој предвидува внесување на Бугарите како домороден народ во Уставот, кое е од власта проблематизирано. Во модерно време, судот забранил ретроактивно клубови и здружениа на членови со бугарска самосвест откако претходно ги регистрирал а на претседателите на клубивите судниците им станале втор дом. Со тоа Државата кандидат за членство во ЕУ- остава простор за сомневање дека судот е политички мотивиран, поткрепен од власта и се обидува официално да го замени проучувањето на историата со наметнување на догма и да го забрани критичкото размислување.
Континуираното постоење надвор од државната Уставна структура на духовните следбеници на оние за кои „Крвта не е вода”, создава услови, индивидуалците и заедницата да бидат подложни на дискриминациа, физичка загрозеност, занемарување и политичка егзекуциа. Според статистиката, граѓаните во државното судство имаат доверба од 2% кое е технички квота за статистичка грешка. Новата прагматична администрациа на САД раководена од Доналд Трамп; државата најголем пријател на Северна Македонија, е укина помошта за Северна Македонија од фондовите УСАИД. Тоа го вклучува и судството ($500 мил. за 10 год.).
Историските записи се важни затоа што можат да им помогнат на истражувачите да направат споредби со тековните прашања и да ги идентификуваат промените со текот на времето.„Ние не сме виновни за тоа, туку виновна е вистината, која често пати беше газена, но секогаш остануваше како победничка“. Големината на ова обраќање на патриотите со Даме Груев од тогашна Македонија, со својата едноставност зрачи универзална етичко морална верзиа на патриотизам со безвременска порака применлива за сите горди народи.

