| |

Културниот центар „Булгарика“ во Чикаго ќе одбележи 12 години од основањето

Културниот центар „Булгарика“ во Чикаго, САД, на 6 ноември ќе одбележи 12 години од основањето со свечена вечер во банкетната сала „Olive Palace Banquets“ во Маунт Проспект, Илиноис, соопшти Центарот на својата страница на Фејсбук, пренесува БТА.

На настанот, кој ќе трае од 19 часот до полноќ, ќе настапат танцовиот ансамбл „Булгарика“ и децата од неговата танцова школа. Специјална гостинка ќе биде Виолета Спаскова од „Greek S Dance“ во Лондон, која ќе претстави грчки танци. Еден ден претходно, на 5 ноември, Спаскова ќе одржи и семинар за грчки танци во Центарот „Бугарика“.

Од културниот центар наведуваат дека свеченоста ќе собере претставници на различни култури, при што „Булгарика“ ќе биде „мостот меѓу нив“.

Децата од Детската танцова школа „Булгарика“ и од Бугарското неделно училиште „Булгарика“ ќе можат бесплатно да присуствуваат на настанот, со претходно резервирани места преку раководителите на класовите или на електронската адреса [email protected].

Приходите од свеченоста ќе бидат наменети за поддршка на работата на Детската танцова школа „Булгарика“ и Бугарското неделно училиште „Булгарика“.

Слични Објави