|

КУМАНОВЕЦ ГИ ИГНОРИРАЛ ПОЛИЦИСКИТЕ НАСОКИ И АГРЕСИВНО ИЗЛЕГОЛ ОД КАРАНТИНОТ ВО СТРУШКИ ХОТЕЛ

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 25-годишник од кумановското село Матејче кој бил сместен во државен карантин во хотел во Струга.

Како што информираат од СВР Охрид, тој на 8 април излегол од соба на хотелот „Дрим“, каде бил сместен во задолжителен карантин и започнал недолично и агресивно да се однесува кон полициските службеници, игнорирајќи ги нивните насоки.

Кумановецот се товари дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Извор: Макфакс



Слични Објави