СОВЕТНИЦИТЕ ОД КУМАНОВО ОДЛУЧИЈА СРЕДСТВАТА ЗА ПАТУВАЊЕ И РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ДА СЕ КОРИСТАТ ЗА МАСКИ, РАКАВИЦИ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА

/

Советниците на Куманово на последната седница донесоа одлука средствата од ставката за репрезентации и патувања во странство во висина од 3.590 милиони денари, да се пренаменат во набавка на заштитни средства и дезинфекција, пренесува Канал 5.

Раководителката на секторот за финансии, Ирена Илиевска денеска информира дека се донесени две одлуки. Со едната одлука, средствата од ставката за репрезентации и патувања во странство кои беа наменети за ставките градоначалник, совет, сопштинска администрација се префрлаат за други намени.

Со втората одлука овие средства се ставаат на постојана резерва и со нив ќе располага општината која ќе ги користи за набавка на маски, ракавици, средства за дезинфекција. На ставката се префрлуваат 3,590 милиони денари, но три милиони ќе се користат за оваа намена, а 590.000 ќе останат за понатамошни потреби на општината, појаснува Илиевска.



Ова е втор пат како се пренаменуваат средства во општинскиот буџет на општина Куманово од почетокот на ширењето на коронавирусот.

Претходна статија

КУМАНОВЕЦ ГИ ИГНОРИРАЛ ПОЛИЦИСКИТЕ НАСОКИ И АГРЕСИВНО ИЗЛЕГОЛ ОД КАРАНТИНОТ ВО СТРУШКИ ХОТЕЛ

Следна статија

ВО ШПАНИЈА ПРВ ПАТ ИМА ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОТКОЛКУ НОВОЗАБОЛЕНИ

Најново од Вести