ВО ШПАНИЈА ПРВ ПАТ ИМА ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОТКОЛКУ НОВОЗАБОЛЕНИ
Шпанија бележи добри вести, велат здравствените власти, бидејќи земјата има најмал дневен број на починати во изминатиот месец, стапката на новозаболени со коронавирус опадна на рекордно низок 1,4 процент, а за прв пат има повеќе оздравени отколку новозаболени.
„Ова е ден на добри вести. Епидемијата се одвива како што треба“, рече на прес-конференција директорот на лекарската служба Фернандо Симон, истакнувајќи дека стапката на ширење на инфекцијата паднала на рекордно ниско ниво.
Во петокот починаа 367 пациенти, додека меѓу 399 и 410 починаа во претходните пет дена. Вкупниот број на починати е 22.157 лица, според шпанското Министерство за здравство.
Извор: Макфакс