КУРЦ: ПОТРЕБНА Е СОРАБОТКА ЗА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ДА НЕ БИДАТ ЗАВИСНИ ОД СУПЕРСИЛИТЕ

/

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска разговараше со колеги од повеќе земји ширум светот кои успешно се носат во борбата против коронавирусот.

Тој истакна дека целта е да се воспостави соработка така што малите земји да не зависат од суперсилите.

Курц разговараше со премиерите на Австралија, Нов Зеланд, Израел, Данска, Чешка и Грција за соработка во истражувања за лек и вакцина против Ковид-19.

„Ова се земји кои, како нас, реагираа рано и интензивно и со тоа минаа низ кризата подобро од другите“, истакна тој.

Додаде дека се консултирал со колегите за тоа како најдобро да се обнови социјалниот и економскиот живот, држејќи го вирусот под контрола.



„Географската локација е доста различна, но сите тие се мали земји, паметни земји“, објасни тој за агенцијата АПА.

Дел од групата е и премиерот на Сингапур, но тој не можел да учествува на денешната видео-конференција.

Курц рече дека има некои други кандидати кои ќе се приклучат на групата во наредниот период.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ЗА ПРВПАТ ЗАБОЛЕН ОД КОРОНА ВО ВИНИЦА

Следна статија

85-ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ ОЗДРАВЕ ОД КОВИД – 19

Најново од Вести