КУРТИ НАЈАВИ ЗАЕДНИЧКИ СЕДНИЦИ НА ВЛАДИТЕ НА КОСОВО И МАКЕДОНИЈА

/

Претседателот на Владата на Косово, Албин Курти се заложи за проширување на соработката со соседните земји и ја најави можноста за одржување заеднички седници со владите на Македонија и Црна Гора, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објавата на својата страница на Фејсбук, Курти, кој учествува на Самитот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, порача дека е подготвен да соработува на проекти од заеднички интерес со владите во Скопје и Подгорица.

„Со Република Албанија имаме 77 постигнати договори – ќе додадеме нова енергија и динамика за нивната имплементација. Како Влада на Косово ќе соработуваме со владите на Црна Гора и Македонија во проекти од заеднички интерес, при што сметаме и на заеднички владини седници со нив“, напиша Курти.





Претходна статија

ВО МКЦ: ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ „ПО ДОЖДОТ“ НА РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА

Следна статија

СЕДУМ МРТВИ ВО ИНДИЈА ВО ПРОТЕСТИТЕ ПОРАДИ ПОСЕТАТА НА ТРАМП

Најново од Вести