|

Кузеска: Процесот на преговори со ЕУ носи повеќе инвестиции и зголемена поддршка од европските фондови

Државничките, визионерски одлуки на СДСМ носат придобивки за граѓаните и државата, оценува Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Благодарение на таквите полиитки, додава таа, денес сме земја членка на НАТО и по 17 години чекање, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ.

Со тоа, како што вели, ја обезбедивме стабилноста и сигурноста, но и европската иднина на државата.

Денес, според Кузеска, Македонија е препознаена како слободна, демократска држава партнер на западниот демократски свет.

Тоа, како што вели, позитивно влијае и врз македонската економија и животниот стандард.

„Минатата 2022 година, најкризната година во Европа во последните децении, ја завршивме со рекорден износ на странски директни инвестиции од речиси 740 милиони евра.

Тоа е директна придобивка од забзувањето на евроинтегративниот прцес но и доказ дека македонската економија е стабилна, развојна и конкурентна, привлечна за странските инвеститори.

Поволната деловна клима во државата придонесе платите да растат, па така една и пол година пред предвиденото успеавме да го реализираме ветувањето за минимална плата од 20.000 и просечна плата од 34.000 денари.

За споредба, во времето на ВМРО-ДПМНЕ кога државата беше заробена и изолирана минималната плата едвај достигаше 9.000 денари, а просечната плата беше околу 20.000 денари“, истакна таа.

Напомена дека колку е важно што сега сме на европскиот пат говори и податокот за неповратна и друг вид на финансиска поддршка од страна на ЕУ за инвестиции во енергетиката, во време на светска енергетска криза.

Дополнително, рече дека сме земја лидер во регионот по искоритеност на средствата од ИПАРД 2 програмата и се подготвуваме за почетокот на новата ИПАРД 3 програма, каде имаме 62% зголемување на неповратните европски средства, односно нови 97 милиони евра кои стојат на располагање на нашите земјоделци.

Ова, според неа, се само дел од придобивките од нашето членство во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ.

Слични Објави