|

(Видео) Експлозија на југозападот на Русија, има повредени во Белгород

Две лица се повредени во експлозијата што доцна синоќа го потресе градот Белгород во југозападна Русија, соопшти гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.

„Според првичните информации две лица се повредени. Една жена која се здобила со повреда на главата е хоспитализирана во Градската болница бр.2 во умерено тешка состојба. Уште една жена се здобила со гребаници на кожата и одбила да биде хоспитализирана откако ја добила потребната медицинска помош – напиша Гладков на Телеграм, пренесува ТАСС.

В Белгороде произошел взрыв, от которого на пересечении проспекта Ватутина и улицы Губкина осталась воронка радиусом 20 метров.

По словам губернатора, пострадавших нетhttps://t.co/NEfFG2TMUQ
: zhest_belgorod / Telegram pic.twitter.com/nDw8ttK6Yz

— Медиазона (@mediazzzona) April 20, 2023

Тој додаде дека од експлозијата биле оштетени четири стана во една станбена зграда, а на жителите им било понудено привремено сместување во хотел.

Според извештаите, формиран е кризен центар за собирање на сите информации за инцидентот, а на терен се истражителите и спасувачките екипи на руското Министерство за вонредни ситуации.

Руските власти синоќа известија за експлозија која го потресе Белгород, кој се наоѓа на границата со Украина, а причината за експлозијата се уште не е соопштена.

Слични Објави