Кворумот пресуден дали во вторник ќе се гласа Законот за јазици
Расправата во Парламентот на првиот работен ден по празниците – деветти јануари, ќе се фокусира на Законот за јазици. Од Собранието за ТВ 24 потврдија дека во вторник ќе се одржи 27 седница, а предлог- законот е трета точка на дневен ред, по предложените измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и изборот на нови уставни судии. Дебатата е извесна, но останува отворено прашањето дали пратениците ќе успеат да се соберат во доволен број за да може да гласаат. „Би било добро заокружувањето на нормативниот дел на охридскиот Рамковен договор да биде едногласно изгласан од сите пратеници“, порача пратеникот Артан Груби од ДУИ… (Прочитајте го целиот напис овде)