Л. РИСТОСКА : СЈО НЕ Е ИНВОЛВИРАНО ВО ВЧЕРАШНИТЕ СЛУЧУВАЊА

СЈО секогаш постапувало според законските прописи. Сите постапки за кои веќе има обвинителни акти и постапки се водени според законот. Се придружуваме на Јавниот обвинител на Р.М, секое лице што се повикува на криминалитет да биде истражено. Ние сме отворени за соработка со нашите колеги од Јавното обвинителство и сме тука да помогнеме. Сите судења кон оваа институција не смеат да ги доведат во прашање постапките, изјави Ленче Ристовска , обвинител од СЈО. Ленче Ристовска ја испушти Катица Јанева од тимот на СЈО, додавајќи дека таа се уште не е инволвирана како лице под истрага од страна на Обвинителството. Ленче Ристовска истакна дека е во интерес на СЈО да се расчистат сите сомневања околу Катица Јанева, потенцирајќи дека таа не е инволвирана во случајот.