МИЦКОСКИ ПОБАРА ПРИТВОР ЗА КАТИЦА ЈАНЕВА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција побара притвор за Катица Јанева.

Христијан Мицкоски, изјави дека уште пред 4 месеци предупредил за криминал во СЈО и точно тоа било неговата црвена линија со Заев за Обвинителството. Мицкоски тврди дека СЈО е минато завршено време за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи Катица Јанева нема никаков легитимитет. Обвинетите во рекет не е можно да вршеле влијание без помошта на СЈО. Вчерашните апсења според Мицкоски се обид за да се прикријат реалните нарачатели, фамозните Кики и Фрики.
Мицкоски ја праша јавноста дали е точно дека силата на Катица Јанева доаѓа дирекно од премиерот Зоран Заев кој ја охрабрува. Дали е точно дека Катица Јанева со прво обвинетиот договарала обвиненија?
Дали е вистина дека обвинителката Јанева ја има во разговори со обвинетиот кој е предмет на истрага? Мицкоски истакна дека очекува одговори на овие прашања.