Бугарија го засилува надзорот во Црното Море
Бугарија го зaјакнува разузнавањето и надзорот во Црното Море, како и размената на информации со сојузниците од НАТО поради ризиците од војната во Украина и зголемените хибридни закани. Ова го изјави министерот за одбрана Димитар Стојанов на меѓународна конференција во Софија на тема „Црното Море и Источна Европа: клуч за безбедноста на Европа“, соопшти Министерството за одбрана, пренесува БНР.
Во контекст на нападите со дронови врз два брода во бугарската економска зона во Црното Море, засилени се меѓуинституционалната координација и подготвеноста на Вооружените сили за реакција при нови инциденти. Воведени се и дополнителни мерки за заштита на воени формации и објекти од критичната инфраструктура.
Според Стојанов, безбедноста на Црното Море е од стратешко значење за цела Европа.
Во врска со бродот што потона при напад со дрон во Црното Море, Стојанов изјави дека засега не се предвидени нови операции за негово испитување.
Бугарија ќе побара од НАТО поддршка со радарски средства за заштита на Црното Море.
