ЛАЗЕ ВЕЛКОВСКИ ЌЕ ОСТАНЕ ВО МВР ДУРИ И ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН ОД ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР НА БЈБ
Лазе Велковски ќе остане остане во МВР дури и да биде разрешен од функцијата директор на Бирото за јавна безбедност. Премиерот Зоран Заев смета дека Велковски е исклучително важен за службата и еден од неговите први соработници, како и еден од првите соработници на министерот Спасовски. Премиерот Заев го оправда потегот на Велковски да ја испрати својата ќерка на викенд во Грција со службен џип и обезбедување поради заканите кон него и неговото семејство.