Шефот на американското разузнавање Даниел Коутс поднесе оставка. Американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди информацијата за оставката на Коутс. Според СNN тој ќе ја напушти функцијата кон средината на август.
Коутс е поранешен сенатор од Индијана, амбасадор на САД во Германија и еден од неколкуте членови на американскиот Конгрес, кои добија забрана за влез во Русија.
Засега нема официјални информации за тоа кој ќе го наследи Коутс на оваа одговорна позиција.