МРТ И АВМУ НА ЕСЕН ДОАЃААТ НА ДНЕВЕН РЕД

/

Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски, за денеска закажал седница, со која практично ќе почне постапката за избор на членовите на новите раководни тела на МРТ и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ), јавува „Независен“.

– Ги ставив на дневен ред точките за проверка на кандидатурите на конкурсите за именување членови на Програмскиот совет на МРТ и на Советот на АВМУ, за да не бидам користен како алиби за наводно кочење на постапката, иако немам информации дека има каква била усогласеност меѓу партиите во однос на селекцијата на кандидатите – вели во својата изјава за Независен, Димовски.

Изборот на новите раководни тела на МРТ и на АВМУ треба да се спроведе според новиот Закон за аудио и аудиовизуелни услуги, кој беше донесен кон крајот на минатата година, поточно пред повеќе од половина година, со 79 гласа „за“, а откако претходно речиси цела година беше затрупан со опозициски амандмани и заглавен во собраниската Комисија за транспорт и врски. Нов Програмски совет на МРТ и Советот на АВМУ потоа треба да изберат нови директори на јавниот сектор и на Агенцијата. На тие функции со години наназад се Марјан Цветковски и Зоран Трајчевски, кои важат за луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ, стои во материјалот на колегите од „Независен“.





Претходна статија

ШЕФОТ НА АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Следна статија

ТАРАВАРИ: НЕМАШЕ ДРУГА ОПЦИЈА ОСВЕН СДСМ, РЕЖИМОТ МОРАШЕ ДА ПАДНЕ!

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да