| |

ТАРАВАРИ: НЕМАШЕ ДРУГА ОПЦИЈА ОСВЕН СДСМ, РЕЖИМОТ МОРАШЕ ДА ПАДНЕ!

„Да беа добри кандидатите на ДУИ, немаше да биде проблем, но тоа се луѓе за кои постојат индиции дека се вмешани во криминал!“ – вели Таравари. ДУИ ги смета за најодговорни за уривањето на кредибилитетот на владата: „Половина од режимот е во состав на владата!“

Тој инсистира дека составување на експертска влада е единствениот излез од ситуацијата во која кредибилитетот на владата е целосно нарушен. Сепак, ја издвојува министерката Мила Царовска како модел за одговорно и успешно водење на еден владин ресор. Во првиот дел од интервјуто, тој го издвои и Тевдовски како одличен министер за финансии, кој, според него, не требало да биде сменет.

Совпаѓањето на барањата на Алијансата за предвремени парламентарни со оние на ВМРО-ДПМНЕ е случајно. Нема комуникација меѓу Алијансата и ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво. По сето искуство со СДСМ, Таравари не ја исклучува можноста од постизборно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ СО Д-Р АРБЕН ТАРАВАРИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ГОСТИВАР МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ НА WWW.CIVILMEDIA.MK

Слични Објави