Лажни закани за можен терористички напад на трговски центар во Скопје – Приведени три лица

/

Три лица се приведени по објавување видеа со лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје.

Како што информираат од полицијата, по објава на два видео клипа на „Тик ток“ со, како што е подоцна утврдено, лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје, веднаш се преземени соодветни мерки од страна на МВР-БЈБ-Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал/Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, СВР Скопје и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика и Агенцијата за национална безбедност.

Преземени се потребните безбедносни мерки, а утврдени се и лицата – можни креатори на лажните видеа. Известен е јавен обвинител, по чии насоки се обезбедени наредби за претрес на дом кај Н.С. во с.Студеничани и У.И. во Скопје.

При претресот на втората локација најдени се дигитални уреди преку кои се објавени лажните видеа. Приведени се Н.С., У.И., како инеговиот син А.И.



Во службениот разговор, А.И. признал дека тој ги изработил и пласирал лажните видеа. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Извор: Temite

Претходна статија

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Следна статија

Потврдена пресудата на Никола Груевски за „Насилство во центар“

Најново од Вести