ЛЕГЕНДА НА БАРСЕЛОНА СЕДНА НА КЛУПАТА НА ЕСПАЊОЛ

Абелардо Фернандез од денеска е нов тренер на екипата на Еспањол по отказот на Пабло Мачин.

Поранешниот фудбалер на Барселона (1994-2002) се нафати да го води градскиот ривал и да се обиде да го спаси од испаѓање. Неговиот договор ќе биде до крајот на сезоната, а доколку избори опстанок, тогаш Еспањол ќе му понуди неколкугодишен договор.

Еспањол по 18 кола во Ла Лига се наоѓа на последното место со само 10 освоени бодови.

Абелардо претходно две години работеше во Алавес, а тренерската кариера ја почна во истиот клуб каде што ја стартуваше и фудбалската кариера, Спортинг Хихон.

Извор: Спорт1

Слични Објави