Продолжува дебатата за предлозите за уставни судии пред матичната собраниска комисија

/

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија.

Пред членовите на Комисијата треба да се најдат кандидатурите на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од владејачките партии и предлогот на опозицијата – универзитетскиот професор Саво Климовски.

Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер.



Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.

Претходна статија

На ГП „Табановце“ се чека околу еден час

Следна статија

Отворање „Алеја на Украина“ во центарот на Скопје

Најново од Вести