| |

Легендарниот Род Стјуарт ја вклучи Софија во својата европска музичка турнеја

Сер Род Стјуарт, легендарниот пејач и текстописец, кој два пати е запишан во Куќата на славните на рокенролот, ќе одржи специјален концерт во Бугарија како дел од неговата европска турнеја во 2025 година, јавува БГНЕС.

Возбудливиот настан за илјадниците љубители на музиката во Бугарија денеска го најави промоторот Fest team. Концертот на Род Стјуарт ќе се одржи на 11 декември 2025 година. во сала Arena 8888 Sofia, каде светската ѕвезда ќе ги претстави своите најголеми хитови и ќе ја сподели својата музичка историја со бугарската публика.

Влезниците за концертот во Бугарија ќе бидат достапни од 23 јануари, четврток, во 10:00 часот за членовите на Fest team по цени од 120 до 390 лева, а на 24 јануари, петок, во 10:00 часот, масовната продажба ќе започне во мрежата на Ticket Station.

Слични Објави