| |

УКИНАТИ ПРЕСУДИТЕ ЗА МИЈАЛКОВ И ТАЧИ ЗА СЛУЧАЈОТ ТИТАНИК 2

Случајот „Титаник 2“, каде меѓу обвинетите се ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, се враќа на повторно судење во Основниот кривичен суд.

Ваква одлука, според неофицијални информации, донесе Апелацискиот суд во Скопје, пренесува „360 Степени“.

Досега адвокатите кои ги контактираше „360 Степени“, не добиле официјално решение, а од Апелацискиот суд, пак, велат дека до крајот на неделата ќе излезат со официјално соопштение.

Случајот во Основниот кривичен суд во Скопје го водеше судечки совет на чело со судијата Огнен Ставрев, а во советот беа и судијата Осман Шабани и тројца поротници.



Слични Објави