ПЕТ ЛИЦА ОСУДЕНИ НА СМРТ ЗА УБИСТВОТО НА НОВИНАРОТ ЏАМАЛ КАШОГИ
Саудискиот суд осуди 5 лица на смртна казна за убиството на новинарот Џамал Кашоги, а тројца други се затворени за вкупно 24 години, пренесува Ројтерс.
Сауд ал-Катани, поранешен советник во кралскиот двор за кој се верува дека го наредил убиството e ослободен. Ослободен е и заменик началникот на разузнавањето – Ахмед ал Асири.
Во случајот беа судени 11 саудиски граѓани.
Процесот беше спроведен во речиси целосна тајност, иако неколку дипломати, вклучително и од Турција, како и членови на семејството Кашоги, присуствуваа на овој процес.