|

Лекар од Газа: Светилките ќе се изгаснат, предвремено родените бебиња ќе умираат, и оние кои се на дијализа секој ден ќе умираат

Речиси е подобро тешко ранетите деца во Газа да умрат, тоа е реалноста, вели лекар од Газа, кој појаснува дека нивните генератори можат да работат уште неколку часа.

Објаснувајќи што би значело тоа, тој рече дека светилките ќе се изгаснат, вентилаторите ќе престанат да работат, предвремено родените бебиња ќе „умираат“ и „оние кои се на дијализа секој ден ќе умираат“, пренесуваат регионалните медиуми.

„Ова е, искрено, хуманитарна катастрофа полоша од која било каква што сме сведоци во поновата историја“, додаде педијатарот.

Тој рече дека видел фотографии од деца со „распарчени екстремитети, осакатени тела и изгореници на лицата“ и додаде дека „нема достапен лек за овие деца“.

„Речиси им е подобро да се мртви, отколку живи, тоа е реалноста“, рече тој.

„Тие се во страшни болки, во агонија“, додава тој, пренесува „Index.hr“.

Слични Објави