|

„Летечка лекција“: филм за куклена претстава и моќта на пријателството

Документарниот филм „Летечка лекција“ на Светлозар Георгиев раскажува за создавањето на бугарско-јапонската претстава „Приказната за галеб и банда мачори“ од Луис Сепулведа, а во режија на Катја Петрова. Филмот ја прикажува работата на двојазичниот проект што го реализираат јапонскиот театар „ПУК“ и куклениот театар од Софија.

Документарецот ја раскажува приказната за актерите кои заедно играле на различни сцени во Јапонија на двата јазика, за воодушевените реакции на јапонската публика и за долгата историја на бугарско-јапонските културни односи на полето на театарската уметност. Ова е филм за надминување на културните разлики и заемно духовно збогатување преку јазикот на уметноста.

Премиерата на „Летечка лекција“ е на 18 септември во 19:00 часот во куклен театар Софија.

Ве сретнуваме со режисерот Светлозар Георгиев, г-ѓа Тамико Онаги, почесен претседател на Светската организација на куклен театар „Унима“ – Јапонија и куклен режисер и продуцент г-дин Харухико Ии од театарот „ПУК“. Слушнете го разговорот со нив за овој уникатен бугарско-јапонски спектакл и убавината на кукларството, кое ги надминува границите, и покрај разликите на двете култури.

Фото: БНР



Слични Објави