| |

Либерман се закани дека ќе ги уништи сите тунели на Хамас во појасот Газа

Авигдор Либерман – министерот за одбрана на Израел, изјави дека до крајот на годината армијата ќе ги уништи сите тунели, ископани од радикалното палестинско движење “Хамас”, и кои водат од појасот Газа до територијата на еврејската држава.

“До крајот на 2018 година, сите такви тунели ќе бидат уништени”, рече министерот.

Либерман додаде дека “формулата по која Израел е подготвен да постои со појасот Газа е разоружување во замена за соживот”. На 14 јануари израелските воени уништија тунел кој преминуваше под јужните региони на Израел и го поврзуваше појасот Газа со територијата на Египет. Ова е третиот тунел кој израелската армија го уништи во последните три месеци.



Слични Објави