Либертас: Еден загинат и двајца повредени во вооружена пресметка на две групи од ДУИ во Мала Речица
Едно лице загина, а двајца се повредени во вооружена пресметка на две групи вечерва во тетовска Мала Речица, објави „Порталб“ повикувајќи се на неофицијални информации. Тие застанале на улица и пукале едни кон други од два различни автомобили. Неофицијално, Либертас дознава дека се работи за пресметка меѓу припадници на ДУИ од Скопје и од Куманово која се случила по средба во седиштето на партијата во Мала Речица. Наводно, двете групи се пресметале со калашникови кај маркетот Спара во близина на партиското седиште./Либертас/