|

ОТКАКО НЕ УСПЕА ДА ИЗБЕГА МАСКИРАН КАКО СВОЈАТА ЌЕРКА ДА СИЛВА СЕ ОБЕСИЛ ВО СВОЈАТА ЌЕЛИЈА

Бразилскиот мафијаш и наркодилер Клаувињо да Силва кој се обиде да побегне од затвор во Рио де Жанеиро, маскиран како својата ќерка, е пронајден мртов во затворската ќелија. Властите соопштија дека Да Силва веројатно се самоубил, со бесење. Истрагата е во тек.

Да Силва кој беше водач на една од најмоќните криминални банди во Бразил викендот се обиде да ја искористи посетата на неговата 19-годишна ќерка, за да излезе од затворот со нејзината облека, перика и силиконска маска на лицето.

Слични Објави