Желјазков: Бугарија активно учествува во зајакнувањето на одбранбените капацитети на ЕУ и НАТО
Бугарскиот премиер Росен Желјазков за време на Четвртиот дипломатски форум во Анталија ја истакна важноста на меѓународната соработка и безбедноста во Црноморскиот регион, јавува БГНЕС. Тој го предложи создавањето на мултинационален морски координациски центар со цел да се обезбеди постојан морски надзор и рано предупредување за потенцијални закани. „Инвестицијата во безбедноста на Црноморскиот регион е инвестиција во безбедноста на евроатлантската зона“, нагласи премиерот.
Желјазков исто така ја подвлече улогата на НАТО како главен столб за колективната одбрана на Европа. „НАТО останува темелот на колективната одбрана на своите членки“, изјави тој. Премиерот ги охрабри сојузниците да работат заедно, посочувајќи позитивни примери како создавањето на Оперативната група за противмински мерки во Црното Море. Тој ја истакна и „Белата книга за иднината на европската одбрана“, нарекувајќи ја „нов стратешки импулс и долгорочна решеност кон вистински Европски одбранбен сојуз.“
Тој ја потенцираше важноста на заедничката работа со меѓународни организации за успешно справување со глобалните кризи, заплахи и предизвици. „Европскиот пазар е најсветлиот пример за успехот на отстранувањето на трговските бариери“, додаде Желјазков, нагласувајќи дека соработката во рамките на блокови и сојузи е клучот за успешна конкуренција.