|

Помош за најранливите семејства за набавка на инвертер клими

Најранливите домаќинства ќе добијат финансиска поддршка за набавка на инвертер клима-уреди, со цел да ги намалат трошоците за електрична енергија и затоплување. Министерството за енергетика објави јавен оглас преку кој граѓаните можат да аплицираат за добивање клима-уред со моќност од 3.5 киловати и енергетска класа најмалку А+.

Право на аплицирање имаат домаќинства кои се во енергетска сиромаштија, односно чии месечни приходи во последната година не ги надминале:

  • 25.000 денари за едночлено,
  • 31.000 денари за двочлено,
  • 37.000 денари за трочлено и
  • 43.000 денари за четиричлено или поголемо домаќинство.

Овие семејства може да добијат помош во износ од 25.000 до 35.000 денари.

Дополнително, право на финансиска помош ќе имаат и пензионерски семејства со минимални месечни приходи до:

  • 15.700 денари за едночлено,
  • 19.800 денари за двочлено,
  • 23.700 денари за тричлено или поголемо домаќинство.

Овие категории може да добијат поддршка од 10.000 до 20.000 денари.

Помошта не важи за домаќинства приклучени на системот за парно греење, како и за оние кои веќе користеле субвенции за клими или печки на пелети.

Рокот за аплицирање е 60 дена од објавувањето на огласот. За оваа мерка се издвоени 170 милиони денари, а сите информации и обрасци се достапни на веб-страницата на Министерството за енергетика.

Слични Објави