ЛИДЕРСКА СРЕДБА-ГЛАВНА ТЕМА РЕФЕРЕНДУМОТ

//

Во 18 часот денеска во Клубот на пратениците треба да се одржи средба на лидерите на политичките партии со повеќе од еден пратеник во Собранието. Главна тема на средбата ќе биде надминувањето на разликите со опозицијата околу подготовките на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи наесен. Според најавеното, поканети на средба се лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на двете крила на Беса Билал Касами и Африм Гаши, на ДОМ Лилјана Поповска, на ДПА Мендух Тачи, на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на ЛДП Горан Милевски, на НСДП Тито Петковски и на СПМ Љубисав Иванов – Ѕинго. Присуството на средбата го потврдиле Ахмети од ДУИ, Петковски од НСДП кој на средбата ќе учествува со Горан Мисовски, потпретседател и пратеник од оваа партија, дел од коалицијата на СДСМ, Поповска од ДОМ која ќе дојде со пратеничката Маја Морачанин, се очекува потврда за присуство од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 





Претходна статија

(ВИДЕО) ГДУ: НОВ ИЗБОРЕН МОДЕЛ СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ

Следна статија

РАДОВИШ ЌЕ ДОБИЕ ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

Најново од Вести