Лиле Стефанова ќе ја менува Русковска

/

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која беше суспендирана од функцијата, ќе се жали пред Советот на обвинители откако државниот обвинител, Љубомир Јовески донесе решение со кое времено ја отстрани од функцијата. Додека трае суспензијата ќе ја менува обвинителката Лиле Стефанова. Русковска за Телма изјавила дека дополнително ќе одлучи кому ќе ги предаде двете предистраги кои ги води за работењето на финансиката полиција и истрагата за техничките центри при МВР.



Претходна статија

Обвинителството бара притвор за жената која грабна бебе во Скопје

Следна статија

Лозари од Тиквешко најавуваат протест, незадоволни се од откупните цени

Најново од Вести