РАМА ЗА ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО АЛБАНИЈА: ДОСЕГА ЗАШТИТЕНИ 369 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ

Албанскот премиер Еди Рама во објава на Фејсбук напиша дека благодарение на примената првата доза на вакцината против Ковид-19, 369 здравствени работници сега се позаштитени од вирусот.

loading...

Тој, исто така, најави дека од недела во недела продолжува процесот на вакцинација  и дека динамиката постепено ќе се зголемува.

„Досега 369 лекари и медицински сестри од првата борбена линија со Ковид-19 денеска се позаштитени од опасниот вирус, откако ја примија првата доза на вакцината во Центарот за вакцинација во стадионот „ Ер Албанија“, во првите шест дена од вакцинацијата. Процесот ќе продолжи и денеска, без запирање. Од недела во недела постепено ќе ја зголемуваме динамката според планот за вакцинација“, се наведува во статусот на Рама на Фејсбук, што завршува со мотото на вакцинацијата „Албанија со насмевка“.

По пристигнувањето на првите 975 дози од вакцината на „Фајзер“, албанската Влада соопшти дека обезбеди вакцини за 800.000 граѓани или 1,6 милиони дози, преку директен договор со оваа американска компанија и преку механизмот Ковакс.

loading...


Според договорот со „Фајзер“, следните денови треба да пристигнуват 10.750 дози вакцини, а потоа ти ќе пристигнуваат според договорениот календар.