ПОЗНАТ СОПСТВЕНИК НА ШКОЛА ЗА ГЛУМА УАПСЕН ВО БЕЛГРАД, ГЛУМИЦИ ОТКРИЈА ДЕКА ГИ СИЛУВАЛ

Познатиот режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ беше уапсен синоќа во Белград поради обвинувања за силување.

loading...

Како што јавуваат српските медиуми, Алексиќ бил приведен во полициска станица бидејќи повеќе девојки го пријавиле за силување или сексуално вознемирување.

Глумицата Милена Радуловиќ за Блиц раскажа дека Алексиќ ја силувал додека била малолетна и дека тоа се случило повеќе пати.

„Шест години бев во школата на Мика Алексиќ кога ме силуваше. Имав 17 години. Тоа не се случи еднаш, се повторуваше“, кажа Радуловиќ.

Тоа за неа, како што кажа, претставувало голем шок.

„До тој момент мислев дека такво нешто воопшто не е возможно. Не го познавав таков и во тој период бев уверена дека сум единствена и сама. Беше тоа шок. Крах. Тоа за мене беше второ семејство“, наведе глумицата.

Вели дека не е единствената, туку дека има уште пет девојки, од кои некои малолетни, кои го пријавиле во полиција.

loading...


„Во ноември се појави нова жртва на Мика. Малолетна, јас до тогаш не ја знаев, ми се јави, а потоа се поврзавме. Се поврзавме со уште неколку девојки, разговаравме и решивме дека е време ова да престане. Со оваа свест, криењето на злосторството и молчењето би било еднакво на самото злосторство. Би станале соучеснички ако сега премолчиме непосредно знаејќи дека постојат уште потенцијални нови малолетни жртви“, смета Радуловиќ.

Таа претходно не познавале две од девојките кои заедно со неа го пријавиле Алексиќ во полиција. Многу се помлади, па немало прилика да се сретнат.

„Ова не е прашање на лична сатисфакција, ова мора да сопре, бидејќи се случува сега, овие денови. Ако молчиме, ние сме сведоци, дозволуваме зло. Знам дека мојот глас се слуша посилно, а и најстара сум од девојките кои го пријавија. Чувствувам голема одговорност кон тие деца, но и кон себе. Ова нешто мора да заврши. Го правиме ова со студени глави“, кажа српската глумица.