Лишено е лицето од Куманово кое подолго време следеше и вознемируваше девојка од Куманово, следува пријава
На 1 октомври 2025 година, околу 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К. (32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик.
Според пријавата, Б.К. подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово. Таа случајот го пријавила на 9 април 2025 година во СВР Куманово, по што судија од Основниот суд во Куманово изрекол мерка претпазливост – забрана за доближување.
И покрај тоа, по преземени мерки и активности, вчера осомничениот бил лоциран, приведен и во службен разговор го признал делото.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

