Лога негира дека одговарал на прашања на алабанските медиуми, а ги занемарил македонските
Како лажна вест, министерот за правда, Кренар Лога, го оценува заклучокот извлечен од денешната прес-конференција за различен третман кон медиумите на албански и македонски јазик, додека одговараше на новинарски прашања.
„Вистината е овој одговор: ‘Ве чекам утре во канцеларија и ке ви дадам одговор за се’ и сешто’“, наведува Лога во реакцијата.
„Макфакс“ претходно денес објави дека министерот за правда, Кренар Лога, на албански јазик зборуваше за Орце Камчев и за уставните измени, па на медумите што поставуваа прашања на македонски јазик им кажа дека не сака да зборува надвор од темата на настанот, откако одговори на само едно прашање.
Настанот се однесуваше на отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош во општина Боговиње.