Во последните 24 часа пожарникарите локализираа десетина пожари на териториja од 3.700 хектари во сибирската република Јакутија, но пожарите и понатаму беснеат поради што на терен е испратена и руската војска, јавува Фокус.
Според последните податоци на Владата во Русија пожарите зафатија површина од 1,2 милиони хектари. Во гаснењето учествуваат 734 луѓе, а од вчера помога и војската со 10 авиони и 10 воени хеликоптери. Вонредна состојба е прогласена во четири региони. Се претпоставува дека дел од пожарите започнале како удар од громтевици.