МАКЕДОНИЈА СО НАЈМАЛА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО РЕГИОНОТ

//

Највисоката просечна плата во регионот за мај оваа година е исплатена во Словенија и изнесува 1.113,88 евра, додека најниската во Македонија и изнесува 413,67 евра, јавува Фокус.

Просечната плата во Хрватска изнесува 886 евра, во Црна Гора за јуни била исплатена плата од 516 евра, Босна и Херцеговина има просечна плата од 472 евра, додека Србија 470 евра.

Властите во Македонија постојано потенцираат дека просечната плата во земјава бележи континуиран раст. Владата на СДСМ се стреми во нејзиниот мандат да достигне до зголемување на просечната плата од 500 евра, што засега делува недостижно.





Претходна статија

ЛОКАЛИЗИРАНИ 10-НА ПОЖАРИ ВО СИБИР, НО ПЕКОЛОТ ПРОДОЛЖУВА

Следна статија

АЛТЕРНАТИВНИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ НА ГРЦИЈА: ГО СЛЕДИМЕ СЕКОЈ ЧЕКОР НА СКОПЈЕ

Најново од Вести